Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова финансиска поддршка од Владата на РМ за домашни и странски авиопревозници

Нова финансиска поддршка од Владата на РМ за домашни и странски авиопревозници

На вчерашната седница на Владата на Република Македонија беше разгледана и усвоена Информацијата со одговорот на Министерството за транспорт и врски до Европската Комисија за шемата на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници кои го користат аеродромот во Скопје.

Комисијата за заштита на конкуренцијата во однос на постапката за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници, се произнесе дека Министерството за транспорт и врски се однесува како инвеститор во пазарна економија, и дека финансиската поддршка на домашните и странските авиопревозници е целосно усогласено со соодветното европско законодавство.

Во нивниот одговор до Европската Комисија наведуваат дека ваквото субвенционирање на долг рок генерира позитивен ефект и придонесува за остварување на поволен финансиски резултат и зголемување на БДП на земјата.


Слично

Поврзани вести