Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова фекалната канализација на Серава

Нова фекалната канализација на Серава

Завршени се градежните работи на фекалната канализација што општина Бутел ја гради од десната страна на реката Серава. Се работи за втората фаза од изградбата на новата фекална канализација на потегот од горниот мост на реката Серава од нејзината десна страна, па преку улицата „Радишанска“ скршнува десно кон патот за селото Побожје.

Оваа фекална канализација, како што информира општина Бутел, е во должина од 1 километар и ќе ги опслужува жителите на повеќе од 100 куќи. Иако жителите од едната страна на патот територијално припаѓаат на општина Чучер-Сандево, тие ќе бидат приклучени на оваа фекална канализација што ја гради општина Бутел, се наведува во соопштението.

Целиот зафат за изградба на фекалната канализација од двете страни на реката Серава е во должина од 15 километри. Новоизградениот километар е всушност 14-от од вкупната должина на фекалната канализација, за кој општина Бутел издвои 5 милиони денари. Изведувач на работите е фирмата „Енергомонт“ од Скопје.

Слично

Поврзани вести