Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова експозитура на Стопанска банка ад Битола во Гевгелија

Нова експозитура на Стопанска банка ад Битола во Гевгелија
Знакот на Стопанска банка ад Битола, осамна на уште една нова локација. Од денес, семејството на експозитури брои 20, и е побогато за најужниот град во Македонија, Гевгелија. Стопанска банка ад Битола продолжува со својата цел да им овозможи на сите граѓани на нашата држава, плодоуживање на своите производи и врвна услуга. Со отворањето на новата експозитура сместена во центарот на Гевгелија, организирана според европските трендови, банката на сите жители на овој град и пошироката околина им овозможи лесна достапност и непречена комуникација на клиентите со банката. Стопанска банка а.д. Битола и во иднина ќе продолжи да ја исполнува својата стратешка определба за надградување на своите услуги и развивање на своите производи, а со цел да ги задоволи потребите на клиентите во согласност со модерните трендови и стандарди. 20150203_160329  
Слично

Поврзани вести