Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ДИРЕКТОРКА НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЌЕ БИДЕ РИЗОВА ЧЕРНИХ - министерката ја разрешила Шакири затоа што водела дисциплински постапки за време на изборен процес

НОВА ДИРЕКТОРКА НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА ЌЕ БИДЕ РИЗОВА ЧЕРНИХ - министерката ја разрешила Шакири затоа што водела дисциплински постапки за време на изборен процес

Магдалена Ризова Черних ќе биде нова директорка на Театар Комедија.

Ова го потврдуваат од Министерството за култура, откако од таа функција е разрешена Нора Шакири.

„Министерката за култура, Ирена Стефоска, донесе одлука за престанок на мандатот на в.д. директорката на НУ Театар Комедија-Скопје, Нора Шаќири Марковиќ, по добиениот Извештај од Државниот инспекторат за труд.

Во Извештајот е констатирано дека раководното лице презело активности спротивни на член 34 став 1 алинеа 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, член 8-а став 1 алиниеа 3 од Изборниот законик и член 11 од Законот за заштита од вознемирување на работно место. Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес.

За нов в.д. директорна НУ Театар Комедија е назначена актерката Магдалена Ризова Черних која и е вработена во театарот“, се вели во одговорот кој го добивме од Министерството за култура.

Минатата недела во театарот влегла вонредна инспекциска контрола по пријава, според која, како што тогаш беше објавено во некои медиуми, Шаќири-Марковиќ вршела мобинг и психичко вознемирување врз вработените во „Театар комедија“.

За медиумите тогаш таа изјави дека таквиот навод не е точен и дека е најдобро да се прашаат самите вработени и додаде дека „Театар комедија“ токму сега, иако уште е пандемиско време, работи со полна пареа и има претстави кои се добро посетени.

Слично

Поврзани вести