Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ЧЛЕНКА ВО УПРАВНИОТ ОДБОР: Даниела Ѓоршевска влегува во највисокиот орган на Стопанска банка Битола

НОВА ЧЛЕНКА ВО УПРАВНИОТ ОДБОР: Даниела Ѓоршевска влегува во највисокиот орган на Стопанска банка Битола

Стопанска банка Битола извести за промени во своите органи на управување и раководење. Имено, во Управниот одбор на банката има нова членка, додека, пак, вршителот на должноста член на УО кој беше преземен од Надзорниот одбор, повторно се враќа во тој орган, кој всушност е надзор и контрола на работењето на Управниот, односно Бордот на директори. А, една членка на Управен одбор, повеќе не е на таа функција. 

Нова членка на УО на Стопанска банка Битола ќе биде Даниела Ѓоршевска, додека, пак, вршителот на должноста член на УО, Борислав Атанасовски, ќе се врати во Надзорниот одбор. 

Според Линкедин, Шоршевска досега била на позицијата Раководител на сектор за финансиско сметководство и надворешно известување.

„Врз основа на Одлука од Надзорен одбор од 22 ноември 2024 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија од 10 јануари 2025 година, за член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е именувана м-р Даниела Ѓоршевска“, се вели во ценовно чувствителната информација од Банката објавена на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

А, беше објавена и оваа информација. 

„Стопанска банка а.д. Битола известува дека поради комплетирање на целосен состав на Управниот Одбор, м-р Борислав Атанасовски не е повеќе вршител на должност - член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола и повторно се враќа во редовите на членовите на Надзорниот одбор на Банката.

Истовремено, известуваме дека д-р Гордана Балтовска повеќе не ја извршува функцијата член на Управен одбор“, се вели во известувањето од Банката.

Гордана Балтовска беше назначена за членка на Управниот одбор на банката во октомври 2023 година. 

Н.Н.Ф.

Фото: Линкедин

Слично

Поврзани вести