Нова „бомба“: Александар Николоски му ја брани инвестицијата на Нефи Усеини
На Јутјуб излезе нова аудио-снимка која наведува на заклучок дека Александар Николоски, еден од носителите на кандидатските пратенички листи на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека треба да се заштитат градежните активности на Нефи Усеини, бизнисменот и советник на Општина Охрид од редовите на ДУИ кој изминатиот период стана познат по неговите контроверзни градби во Охрид.
Ова потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го вели во разговор со Миле Јанакиески, ексминистер за транспорт и врски, ба Јутјуб каналот „Обнова на режимот“. Според разговорот, дел од договорот за избори со ВМРО-ДПМНЕ било да не му се чепкаат инвестициите на Усеини, чие семејство поседува градежна компанија.
„Шефе, има некој план за Охрид, … Гранит кај што ви се зградите, во продолжение на Гранит зградите“, му вели Јанакиески на Николоски на што овој му возвраќа: „Оооо никако тоа. Тие се на Нефи, овој бандитов, Албанецот. Згради се тие така?“. Јанакиески потврдува: „Четири згради се, да“, а Николоски додава: „Да, да, од Нефи се тие. Тоа му е дел од договорот, ова, за избирите. По 8- 9 спрата се“. Јанакиески се надоврзува: „Не, 5 плус 5 се“, а соговорникот вели: „Е така, по 6 спрата. Никако молим те“.
Против Усеини во моментов има неколку предмети кои ги води охридското Обвинителство.
