Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА БЛОКАДА ВО СОБРАНИЕТО: Eвропското знаменце на Законот за државјанство ја „зовре“ атмосферата

НОВА БЛОКАДА ВО СОБРАНИЕТО: Eвропското знаменце на Законот за државјанство ја „зовре“ атмосферата

На повидок е нова блокада на Собранието. 

Пратениците од Левица не го виделе законското решение за државјанствата, но во знак на револт најавија блокада со амандмани на сите закони кои ќе ги предлага власта. Ги повикаа и останатите опозициски партии да го следат нивниот потег.  

„Оваа Влада очигледно само јазикот на силата го разбира“, рече Борис Крмов, пратеник од Левица. 

Законот за државјанство стигнал во Собрание со европско знаменце, но освен од Алијанса за Албанците досега никој друг не го видел. 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ допрва ќе одлучуваат дали ќе ја поддржат блокадата. Но, од оваа партија велат дека власта ги злоупотребува европските знаменца за законите. Од Левица најавија и специјален закон за дополнување на Кривичниот законик, со цел, како што велат, злоупотребата на европското знаменце да стане кривично дело.

Коалицијата Алијанса-Алтернатива бара од собранискиот претседател Талат Џафери, законот да го стави на дневен ред на првата следна седница. Сакаат законот да биде донесен пред Собранието да замине на годишен одмор на почетокот на август.

Слично

Поврзани вести