Нова блок трансакција со акциите на Комерцијална банка
На Македонска берза се истргува нова блок трансакција со акциите на Комерцијална банка АД Скопје во вредност од речиси 400 илјади евра или поточно 23,5 милиони денари.
Преку блок трансакцијата се откупени 10 илјади акции со просечна поединечна цена од 2350 денари. Овој блок на акции претставува 0,44% од вкупната главнина на капиталот на Комерцијална банка АД Скопје.
Претходно ЕБОР го продаде уделот кој го имаше речиси дваесет години во Комерцијална банка исто така преку блок трансакција вредна 4,4 милиони евра.
Ова укажува дека има нов инвеститор во Комерцијална кој откупува акции преку блок трансакции на Македонска берза, но засега немаме информации дали станува збор за истиот купувач.
Слично
