Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова анкета за референдумот ги потврдува претходните

Нова анкета за референдумот ги потврдува претходните

Нешто помалку од 64 отсто од граѓаните ќе излезат да гласаат на референдумот на 30 септември, покажа анкетата за ИФИМЕС од Љубљана.

Според испирувањето, околу 67,3 проценти се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор, покажува истражувањето на јавното мислење на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии

Најголем процент од анкетираните, 74,2, го оцениле негативно работењето на претседателот на државата Ѓорге Иванов, позитивно се изјасниле 9,4 проценти, а став по ова прашање немаат 16,4 отсто.

Високи 79,2 отсто од испитаниците сметаат дека СЈО под водство на Катица Јанева добро си ја врши работата, 14,4 проценти имаат спротивно мислење, додека 6,4 немаат став.

Анкетата е направена од 1 до 10 септември годинава врз 1.218 испитаници во сите шест изборни единици.

Слично

Поврзани вести