Нова анкета покажува зголемување на поддршката за референдумот во однос на претходната
Новата анкета на Рејтинг во однос на претходната, на барање на 1ТВ, покажува дека се зголемува поддршката на граѓаните во однос на интеграциите во ЕУ и НАТО.
Овој пат дури над 76 отсто од испитаниците рекле дека ги поддржуваат евроатлантските интеграции, што претставува највисока поддршка за последната половина година
Во јуни месец само околу 66 отсто од граѓаните ги поддржале ЕУ интеграциите.


Што се однесува до конечната спогодба со Грција, речиси половината од прашаните граѓани, дури 48.6 проценти одговориле дека не можело да се постигне подобар договор во иднина, додека пак 33.2 отсто веруваат дека во иднина може да се постигне подобро решение.

Мнозинството граѓаните смета дека референдумското прашање е јасно и недвосмислено. Со ова тврдење се согласуваат 57,1% од испитаниците додека не се согласуваат 32,9%. Останатите не биле сигурни или одбиле да дадат одговор.
