Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова анкета покажа колку граѓаните ја одобруваат работата на Владата

Нова анкета покажа колку граѓаните ја одобруваат работата на Владата

Работата на Владата не ја одобруваат повеќе од 50 проценти од граѓаните. 

Поради економијата има незадоволство кај граѓаните. 

51,3 проценти не ја одобруваат работата на Владата, наспроти 43,8 проценти кои ја одобруваат работата. Ова го покажува истражувањето за ставовите и довербата на граѓаните за работата на Владата на Агенцијата за истражување М-Проспект.

Најмногу од испитанците 45 проценти ја одобруваат работата на Владата во надворешната политика, наспроти 51 отсто кои не ја одобруваат.

Работата на Владата во однос на економијата и отварањето нови работни места ја одобруваат 37.6 проценти, додека повеќе од половина од испитаниците 56 отсто не ја одобруваат.

Има намалување на задоволството од работата на Владата споредено со резултатите од истражувањето на една година од влада, направено во мај 2018 година, кога целосно или донекаде задоволни од работата на новата Влада биле 49 проценти од испитаниците, додека, воопшто или донекаде незадоволни  47,4 проценти. 

Погледнато низ етничка призма, видливо е дека етничките Албанци повеќе од етничките Македонци ја одобруваат – 53.7% наспроти 39.8%. Секој трети етнички Македонец (36.3% воопшто не ја одобрува работата на Владата).

Слично

Поврзани вести