Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова Алтернатива: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и управниот одбор се одговорни за доцнењето на платите на вработените во ЈСП

Нова Алтернатива: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и управниот одбор се одговорни за доцнењето на платите на вработените во ЈСП

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски ја блокираат и опструираат нормалната работа на јавните претпријатија во Градот Скопје. По втор пат Мицкоски се обидува да предизвика хаос со градскиот превоз во главниот град, на штета на скопјани.

Ова го истакнуваат од партијата, чиј лидер од неодамна е градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, „Нова Алтернатива“.

Тие пишуваат дека најостро ги осудуваат обидите на Мицкоски за собирање политички поени на грбот на граѓаните.

- Имено советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да ги гласат програмите на јавните претпријатија меѓу кои и онаа на ЈСП со што директно ја блокираат нормалната работа на претпријатието и редовната исплата на плати кон вработените.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ заедно со управниот одбор на претпријатието се директно одговорни за доцнењето на платите на вработените во ЈСП.

За среќа на скопјани и за среќа на македонскиот граѓанин се ближи крајот за политичарите како Христијан Мицкоски кои работат исклучиво за своите лични интереси, а спротивно на интересите на граѓаните - се наведува во соопштението на „Нова Алтернатива“.

Од партијата додаваат дека на македонската политичка сцена се појавува нова генерација на храбри политичари кои се подготвени да се испречат на патот на корумпираната политича елита. 

- Македонскиот граѓанин може да препознае кој ја блокира работата на градот и нормалното функционирање на јавните претприкатија, виновникот има име и презиме, Христијан Мицкоски - се потенцира во соопштението.

Слично

Поврзани вести