НОВА АФЕРА: Владата на Груевски потрошила 19 милиони евра за книги кои скапуваат во магацини
Низ десетгодишниот проект на владата на Никола Груевски „Преведување 1050 стручни и научни книги кои се користат во врвни универзитети“ кој траел од 2008 до 2017 година, се испечатени 770 наслови во тираж од 1000 примероци по книга, а потрошени се најмалку 19 милиони евра.
Илјадници лошо преведени книги од помпезно наречениот проект „1050 книги“ скапуваат во влажни магацини во мрачни депоа во Скопје и Гостивар, пренесе Порталб во своето истражување на таа тема.
Првично е планиран превод на 500 книги но апетитите во меѓувреме пораснале. Околу 25 000 книги се на албански јазик и тие не се поделени, а истрагата не утврдила каде завршил делот од книгите кој бил наменет за институциите.
Слично
