НОВ ЗЕМЈОТРЕС: Се стресоа два македонски града
Албански земјотрес ги стресе Струга и Дебар.
Земјотрес со јачина од 3,6 степени е регистриран попладнево во 17:10 часот во Албанија.
Потресот е на длабочина од два километри, а епицентарот е на шест километри од градот Елбасан.
Потресот е почувствуван во Тирана, Прењас, Либраж и други делови на централна Албанија.
Нема информации за материјална штета.
Инаку, во изминатото деноноќи ова е петти потрес регистриран во Албанија. Претходните четири земјотреси се со јачина од 2 до 3,1 степени според Рихтер и со епицентар во блицина на Тирана, Саранда, Драч и Бурел.
За два и пол месеци од првиот потрес, кој беше регистриран во близина на Драч до сега на територијата на оваа земја регистрирани се над илјада потреси.
Вчера два слаби земјотреси го стресоа Скопје.
Минатата недела земјотреси имаше во Преспа и Дебар.
