Нов земјотрес попладнево во Скопје
Земјотрес со послаб интензитет е регистриран денеска во попладневни часови на подрачјето на Скопје, објави Европскиот медитерански сеизмолошски центар (EMSC).
По потресот викендов од 4,2 степени според Рихтер, кој се случи рано наутро во неделата во 4,8 часот и ги вознемири жителите на Скопје, денеска е почувствуван нов потрес.

Според податоците објавени на страницата на EMSC, земјотресот имал јачина од 2 степени по Рихтер, а епицентарот бил на 2 километри од Илинден, односно 12 километри од Скопје. Жариштето на потресот е на еден километар длабочина.
Слично
