Нов земјотрес - се стресе Охрид
Земјотрес со јачина од 3,3 степени е почувствуван денеска во 18 часот и 58 минути во охридското епицентрално подрачје.
Овој земјотрес го почувствувале охриѓани, но и ресенчани.
Потресот бил со епицентар на 8 километри северно од Ресен, oдносно на 99 километри од Скопје, и на длабочина од 2 километри.
Серија земјотреси веќе подолго време го тресат Охрид, а не беа поштедени и Струга и Ресен. Ова доведе до страв и паника како кај граѓаните, така и кај туристите.
Слично
