Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов закон за високо образование - Пленумите и Универзитетите дел од дебатата

Нов закон за високо образование - Пленумите и Универзитетите дел од дебатата

Министерката за образование и наука Рената Дескоска-Треневска денеска изјави дека целта е да се направи нов закон за високо образование којшто ќе ги опфати сите аспекти од статусот и организацијата на универзитетот, надлежностите на Сенатот, начинот на управување на факултетите, статусот на наставниците, начинот на кој студентите ќе се организираат во рамки на универзитетот, процесот на нострификација на дипломите.

- Целта е да направиме еден нов закон за високо образование бидејќи постојниот закон веќе е премногу менуван и е нечитлив, нејасен и конфузен. Во моментот правни експерти дури имаат проблем да лоцираат која одредба кога стапува во сила со оглед на тоа што претходната влада носеше законски измени на овој закон коишто не беа обмислени и постојано ставаше нови измени со кои ги одложуваше измените, истакна министерката Дескоска-Треневска.

Таа додаде дека нема да се брза со носење на законот, туку предност ќе се даде на квалитетна дебата со која ќе се дојде до најсоодветните решенија.

Професорскиот пленум ги застапуваше ставовите за фактичка автономија на Универзитетот, а не само декларативна. Освен тоа, постојат и низа прашања коишто треба да бидат разгледани од припадноста на нашиот систем за високо образование во европскиот простор за високо образование, нивната компатибилност, потоа аспектите кои се поврзани со начинот на студентското огранизирање и нивно партиципирање во процесите на управување со универзитетите, изјави професор Влатко Коробар.

Од Студентскиот пленум за почеток најавуваат дека ќе бараат студентските тела да бидат дел од универзитетите, а не да функционираат како невладини организации.

– Во овој момент ќе бараме СПУКМ и другите студентски тела во склоп на универзитетите да бидат дел од универзитетите, а не невладини организации. Тоа е првото нешто што сакаме да го предложиме на оваа прва сердба, рече Теодора Столевска од Студентскиот пленум.

Покрај претставници од Професорскиот и од Студентскиот пренум, на денешната средба беа поканети и претставници од повеќе универзитети, како и од синдикатите од областа на образованието

Слично

Поврзани вести