Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ УЗУРПАТОР НА ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ, без дозвола пречекувал гости со 26 лежалки и 15 чадори за сонце

НОВ УЗУРПАТОР НА ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ, без дозвола пречекувал гости со 26 лежалки и 15 чадори за сонце

Нов случај на присвојување на јавен простор за поставување чадори и лежалки за плажа на охридското крајбрежје. 

Како што информираат од СВР Охрид триесет и две годишен охриѓанец неовластено на плажа на Охридскиот езеро зазел 70 метри квадратни, на кои си поставил 26 лежалки и 15 чадори за сонце. 

- СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.(32) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во својство на сопственик и управител на правниот субјект, неовластено, на плажа на брегот на Охридското езеро, зазел површина од околу 70 метри квадратни, што со закон е определена како површина за општа употреба и противправно, без одобрение издадено од надлежен орган од општина Охрид, поставил 26 лежалки и 15 чадори за сонце - објавија од СВР Охрид. 

Ова не е прв случај во кој нелегално се поставува опрема за летната сезона на јавна површина. На почетокот на месецов СВР Охрид објави дека поднеле кривична пријава против Б.А.(25) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид поради узурпација на простор кој го наменил за плажа. Тој си поставил 50 чадори за сонце и 120 лежалки, без одобрение од надлежните служби во општината. 

Слично

Поврзани вести