Економија, финансии, бизнис

Контакт

Без овој комплет во автомобил - казна за возачите во Грција

Без овој комплет во автомобил - казна за возачите во Грција

Од 18 јуни 2026 година, во Грција стапуваат на сила нови, построги правила за задолжителната опрема во возилата, кои ќе важат и за странските возачи, вклучително и за туристите од Македонија.

Според новите прописи, секој автомобил мора да поседува комплет за прва помош кој одговара на стандардот DIN 13164:2022 или еквивалентен ISO стандард. Во спротивно, предвидена е казна од 30 евра за несоодветен или некомплетен прибор.

Новиот стандард предвидува точно утврдени елементи што мора да бидат дел од комплетот. Меѓу најзначајните новини се вклучувањето на термално спасувачко ќебе и медицински заштитни маски. Комплетот треба да содржи и стерилни завои во различни големини, еластични завои, фластери, газа за изгореници, ножици, ракавици за еднократна употреба, дезинфекциски марамчиња, триаголна марама и упатство за прва помош.

Надлежните апелираат возачите да внимаваат сите материјали да имаат CE-ознака за квалитет, да не им е истечен рокот и комплетот да биде поставен на лесно достапно место во возилото. Наједноставно решение, според препораките, е да се набави готов комплет кој веќе го исполнува бараниот стандард.

Покрај оваа мерка, Грција воведува и дополнителни сообраќајни реформи. Во голем дел од урбаните средини ќе важи ограничување на брзината од 30 километри на час, а ќе се поставуваат и паметни камери за автоматско санкционирање на прекршоците.

Со овие измени, грчките власти имаат цел да ја зголемат безбедноста во сообраќајот, но и да воведат построга контрола врз возачите, особено во туристичката сезона.


Слично

Поврзани вести