Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ УСЛОВ ОД СОФИЈА: Може преговори, но само со правни гаранции

НОВ УСЛОВ ОД СОФИЈА: Може преговори, но само со правни гаранции

Бугарија ќе дозволи почеток на преговори за Македонија, но доколку добие правни гаранции. 

Софија инсистира на три клучни услови, кои бара да бидат вметнати во преговарачката рамка.

*придржување кон формулацијата за јазикот од 1999 година, потврдена и со Договорот за пријателство и добрососедство;

*утврдување план (патоказ) за спроведување на Договорот од 2017 година и

*многу јасен и прецизен текст дека нема да има претензии за македонско малцинство во Бугарија".

Сетот услови и позициите денеска во бугарскиот парламент ги образложуваа вицепремиерот Красимир Каракачанов и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева. 

Тие  сметаат дека треба да се подготви протокол кон Договорот за добрососедство, кој ќе им даде правни гаранции на Софија.

Долгогодишниот пратеник Илија Димовски пак предлага актуелниот и претходниот амбасадор на Македонија во Софија - Марјан Ѓорчев и Благој Ханџиски, да ги водат преговорите со Бугарија за надминување на спорот.

Поранешниот шеф на српската дипломатија Вук Јеремиќ ја оцени како скандалозна одлуката на Бугарија и додаде дека тоа може да има последици по целиот регион. Дел од интелекуталците во Бугарија ја осудија блокадата.

Слично

Поврзани вести