Нов топлотен бран ни доаѓа од Африка во време кога Македонија се бори со пожари
Нов топлотен бран ни доаѓа од Африка во време кога Македонија се соочува со старотни пожари.
Метеорологот Славчо Попоски вели дека од денес па во следните денови, следува повторно период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер претежно од северозападен правец.
„Максималните температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени, што значи ќе бидат пониски од вчерашните за 4 до 5 степени. Од утре па натаму, нашата територија повторно ќе подпаѓа под влијание на екстрено топла воздушна маса од југ (северните предели на Африка), па така и температурите ќе бидат во пораст и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 40 степени. Долж Повардарието и во југоисточните предели повремено температурите ќе се искачуваат и до околу 42 степени“, вели Попоски.
УВ индексот и понатаму ќе има многу висока вредност (коефициент помеѓу 8 и 9).
