НОВ ТОПЛОТЕН БРАН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги деталите
Метеорологот Славчо Попоски, најавува нов топлотен бран во земјава.
„Следува период на стабилно, суво и сончево време. Ќе дува ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Во текот на следните денови ќе бидеме под влијание на топла воздушна маса од Африка. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, што значи екстремно високи температури не се очекуваат.
Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8) и нема да биде толку многу висок како првиот топлотен бран од Африка, кој беше екстремно топол и донесе екстремно високи температури насекаде во регионот и во повеќе делови од европа. Тогаш Ув индекст имаше вредност 10.“ објави тој.
Слично
