Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов тендер во Битола, ќе се гради олимписки базан

Нов тендер во Битола, ќе се гради олимписки базан
Ќе се гради затворен базен во Битола. Општината денеска повторно го објави огласот за изградба на олимписки базен кај градското шеталиште, а сите заинтересирани за учество може да се пријават до  19-ти јуни годинава.
Олимпискиот базен ќе се гради кај спортската сала, а како дел од градскиот спортскиот рекреативен центар. Според планот изградбата ќе заврши за најмногу 4 години, а базенот треба да се прави по стандарди од највисок ранг, со димензии 25 метри широчина и 53 метри должина, а максималната длабочина од 2,05 метри. Ова е втор ваков оглас за изградба на базенот на првиот не се јави ниту еден понудувач, иако беше најавено дека има неколкумина заинтересирани.
Слично

Поврзани вести