Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ СОСТАВ НА ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА: Ванчо Ѓорѓиев претседател

НОВ СОСТАВ НА ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА: Ванчо Ѓорѓиев претседател

Владата го избра новиот состав на Историската комисија, a Ванчо Ѓорѓиев e новиот претседател. 

Ѓорѓиев е професор на Факулетот за историја во Скопје. Тој порано беше член на комисијата, но ја напушти во 2021 година, тврдејќи дека имало политички притисоци во нејзиното работење.

Во новиот состав на комисијата е Александар Литовски, историчар. И тој беше член на историската комисија во периодот 2018 до 2020. Вработен е во Институтот за национална историја и ја истражува новата историја.

Други членови на комисијата се: Митко Панов, историчар од Институтот за национална историја; Никола Минов, професор по историја на Филизофскиот факултет; Сашо Додевски, насловен доцент од Институтот за историја на Филозофскиот факултет; Бесник Емини, историчар од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје; и Димитар Љоровски, историчар, вработен во Институтот за национална историја.

Слично

Поврзани вести