Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ СМРТЕН СЛУЧАЈ: Дете од Велес почина на Детската клиника

НОВ СМРТЕН СЛУЧАЈ: Дете од Велес почина на Детската клиника

Дете од две и пол години од Велес почина вчера на скопската клиника, поради сепса и менингитис. 

Детето пред два дена било хоспитализирано на одделот за неврологија со симптоми на губење свест.

Поради овие симптоми и влошувањето на состојбата на детето, според информации од Министерството за здравство, проценката на докторите била тоа да биде префрлено на интензивната нега на Клиниката за детски болести.

„Укажана му е соодветна медицинска помош и му дадена е соодветна терапија, но и покрај сите напори на докторите, детето не си ја повратило свеста и починало“ – информираат од Детската клиника.

Во последниот месец имаше повеќе смртни случаи, при што починаа неколку бебиња од кои повеќето беа родени предвреме. Само во една ноќ починаа четири бебиња. 

Слично

Поврзани вести