НОВ СЛУЧАЈ: Уште едно возило запалено во Штип
Во Штип e опожарено уште едно возило.
Aвтомобил „мерцедес“ горел утрово на паркинг пред станбена зграда во Штип.
Во пожарна пожарот е пријавен во 5.45 часот, по што веднаш излегле на терен. Огнот зафатил и друго возило, кое било паркирано до мерцедесот.
Пред пет дена беше запалено возилото на Никола Тушев, поранешниот претседател на штипски СДСМ.
Ова е 20 опожарено возило од почетокот на годината во Штип.
Слично
