НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско
Работници од Бангладеш исчезнале во земјава.
Пет лица од Бангладеш, кои престојувале во тетовското село Непроштено како работници исчезнале. На 30-ти август, во 16.20 часот во СВР Тетово, Ј.А.(38) пријавил дека од местото каде што престојувале во тетовско се оддалечиле 5 лица од Бангладеш. Тие биле ангажирани како градежници. И претходно работници од Непал и Бангладеш избегаа од повеќе македонски градови како Скопје, Прилеп, Охрид, Пехчево.
Слично
