НОВ СЛУЧАЈ: Работничка од Непал исчезна од Охрид
Работничка од Непал исчезна од Охрид.
Дваесет и петгодишна девојка којашто работела во хотел го напуштила домот во којшто престојувала.
„На 3 септември во 12.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Д.М.(25) од Непал го напуштила домот во кој престојувала во Охрид и не се појавила на работното место во хотел во Охрид каде претходно остварила договор за вработување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираа од СВР Охрид.
Претходно работници од Непал избегаа од Скопје, Пехчево, Тетово, а избегаа и работници од Бангладеш.
Слично
