Нов скандал го тресе автопатот Штип-Миладиновци
Дојче Веле открива нови скандали со делницата Штип-Миладиновци, односно како што пишуваат претходната влада потпишала одговорност за пропустите.
Со параф од двајца поранешни министри Кинезите бараат од Владата анекс на договорот за Штип-Миладиновци, дознава Дојче веле а изградбата на оваа делница ќе проголта екстра милиони и ќе доцни најмалку една година.
„На изненадувањата очигледно им нема крај. Како што дознава Дојче веле, во владата сега се соочиле и со барање од кинеските изведувачи за продолжување на рокот за изградба на делницата Миладиновци-Штип. Од „Синохидро“ барале уште една година за работа на терен, но и дополнителни пари за покривање на пропустите за кои од поранешната влада добиле потпис дека вината не е кај нив:
„Од она што досега го утврдивме е дека поранешната Влада им потпишала на кинеските изведувачи дека презема одговорност за сите пропусти. Тоа практично значи дека ние како држава сега ја преземаме одговорноста за доцнењето и направените пропусти. Станува збор за технички детали и тоа на повеќе позиции. Парафот го ставиле поранешниот вицепремиер за економски прашања, министерот за транспорт и врски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта. Допрва анализираме како ќе постапиме“, открива за Дојче веле висок владин претставник.
Повеќе за сторијава прочитајте тука.
