Нов референдум за името нема да има
Нема да се одржи уште еден референдум за името во Македонија.
Собранието ја отфрли иницијативата на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес за нов референдум за името.
Ја оценија како неуредна иницијативата на Тодор Петров за нов задолжителен референдум за името. Образложението е дека не може за исто прашање да се оджува референдум во рок од две години. На ова реагираа партениците од ВМРО-ДПМНЕ. Сметаат дека спикеротТалат Џафери своеволно го суспендира правото на граѓански иницијативи да покренуваат референдум за одредени прашања.Џафери изјави дека собарниските комисии се изјаснуваат за уредноста или неуредноста на иницијативата, но и дека не одлучуваат, туку даваат мислење.
Пратеникот Трајко Вељановски реплицира дека комисиите се изјасниле дека иницијативата е уредна.
Пред дваесетина дена, Петров достави барање да почне процедура за собирање 150.000 потписи за одржување нов референдум со прашањето: „Дали сте за промена на името во Северна Република Македонија?“.
Слично
