Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов ред во маркетите: По пет купувачи внатре, другите во редица надвор

Нов ред во маркетите: По пет купувачи внатре, другите во редица надвор

Само по петмина внатре во маркет, а останатите да чекаат во редица додека со пазарувањето не завршат тие што се внатре. Ова е дел од новото правило за пазарување во Стокомак. Во дел од маркетите од претпладнево има слична организација. Мерките се за заштита од ширењето од вирусот, а се препорачува и граѓаните да стојат на касите на еден метар оддалеченост. 

Сепак се уште не е така во сите маркети, а по гужвите изминатиот викенд дел од полиците во продавниците се уште се празни. Има редовен дотур на продукти, но граѓаните пазаруваат по големи колични и вработените не стигнуваат да наместат повторно.

Министерот Венко Филипче апелираше денеска граѓаните да не трупаат залихи. 

Фактор известуваше и вчера за гужвите и за тоа дека нема основни продукти во продавниците.

И во дел од банките не едозволено влегување на повеќе луѓе наеднаш, односно редот е пред филијалите.

 Фото Фактор (15.03.2020)

Слично

Поврзани вести