НОВ РАСТ НА БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈОТ ВО МАКЕДОНИЈА: не се реализираат зацртаните планови, институциите „паузирале“ поради неизбрани надлежни лица
Наместо намалување, бројот на жртви во сообраќајни незгоди во Македонија во текот на минатата година се зголемил. И покрај поставените цели да го достигнеме просекот на Европската унија, кај нас има обратни тенденции.
Статистички податоците покажуваат дека во 2023 година во Македонија 127 лица го загубиле животот во сообраќајни незогди, што претставува зголемување во однос на 2022 година, кога вкупно 124 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Според наведените податоци, бројот на загинати лица во незгоди во 2023 година се зголемил за 3 лица или за 2,41 отсто во однос на 2022 година.
- Ако се зема предвид фактот дека бројот на возила, бројот на возачи, бројот на поминати километри по возач или возило и патна мрежа континуирано растат, тогаш податоците кои се однесуваат на безбедност ана собраќајот на патиштата за 2023 година, јасно покажуваат дека има тренд на подобрување – пишува во извештајот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
На што се должи нивниот заклучок останува нејасно, бидејќи нема податоци колку се зголемил обемот на сообраќај во земајва. Сепак, истакнуваат дека иако „состојбата на безбедноста на сообраќајот на патишата во Македонија бележи тренд на подобрување, не е на потребното и посакуваното ниво“.
Податоците покажуваат дека состојбата на патиштата во Македонија не е во согласност со целите дефинирани во Втората национална старатегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот. Согласно целите во истата, до 2020 година требаше да се достигне нивото и просекот во земјите членки на ЕУ, а тоа е 5 загинати лица во сообраќајни незгоди на 100 илјади жители или помалку од 100 згинати во сообраќајки на годишно ниво.
- Неопходно е наредниот период да се засили мултисекторскиот пристап кон прашањата од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата, односно неопходно е да се засили ангажманот на сите надлежни институции, органи и организации со цел намалување на бројот на настрадани лица – нагласуваат од РСБСП.
Од институцијата во годишниот извештај доставен во Собранието е напоменато дека минатата година имало дисконтинуитет во работењето на РСБСП во период од јуни до ноември 2023 година, пет месеци не се реализирани никакви активности поради завршување на четиригодишниот мандат на претходниот Совет и именување на новиот Совет на 6 ноември 2023 година.
- Дисконтинуитетот делумно ги наруши плановите за реализација на Програмата за работа на РСБСП за 2023 година, но РСБСП за брзо и успешно направи измени и дополнување на начинот на работа и успеа да ја реализра предвидената прграма – се нагласува во извештајот, на кој е потпишана актуелна претседателка на РСБСП е Гордана Кожуваровска.
П.О.
