Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов протест за случајот Онкологија, велат чашата е прелеана и бараат оставки

Нов протест за случајот Онкологија, велат чашата е прелеана и бараат оставки

Нов протест по скандалот на Онкологија за случајот со кражбата на лекови се одржува вечерва пред Владата. 

Граѓаните бараат оставка и правда за жртвите. 

„Нашите барања и ултиматум од овој протест се: ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела; истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и на директорот Нино Васев; проширување на истрагата на работата на детската онкологија; целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија; правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија; вклучување онколошки пациенти, кои ќе имаат увид во самата истрага“, порачаа организаторите.

Според нив, чашата е прелеана, а масовните протести треба да станат норма против неправдата.

Обвинителството најави дека ќе изберат тројца пациенти кои ќе имаат увид во целата постапка, со што ќе се зголеми транспарентноста.

Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат увид. 

фото принтскрин Макфакс

Слично

Поврзани вести