Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ПРОТЕСТ: За што овој пат ВМРО-ДПМНЕ излегува на улици?

НОВ ПРОТЕСТ: За што овој пат ВМРО-ДПМНЕ излегува на улици?

Oпозицијата ќе организира уште еден протест. 

ВМРО-ДПМНЕ за в сабота најави нов протест во Скопје. Овој пат ќе протестираат против неправда, реваншизам и политичко насилство. Протестот ќе почне во 18:30 часот пред Министерството за правда, по што ќе продолжи пред Основното јавно обвинителство.

Велат дека „власта во недостиг на успеси и во услови на секојдневни порази на секое поле, сѐ повеќе се врти кон политички прогон и застрашување“.

„Мафијата работи по принципот, мафија се тужи, мафија те суди. Затоа гледаме стотици случаи кај што мафијата на власт удира по новинари, удира по опозицијата, удира и по народот. Кацарска е наградена со место во Уставниот суд. СЈО ги изеде народните пари, а народот не виде правда“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу останатото наведуваат и дека „оние судии и обвинители кои работат по директивата на Заев потоа се унапредуваат и наградуваат, а тоа народот го гледа и затоа довербата во правосудството е минорно“.

Досега партијата организираше протести против поскапувањето на струјата, за одбраа на ликот и делото на револуционерот  Гоце Делчев, но и за правда. 

Слично

Поврзани вести