Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ПРОТЕСТ УТРЕ: ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира против мафијата и поскапувањето на струјата

НОВ ПРОТЕСТ УТРЕ: ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира против мафијата и поскапувањето на струјата

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одржи уште еден протест. 

Партијата ќе протестира против како што велат мафијата на Зоран Заев која ја урна економијата во Република Македонија. 

Велат дека поради неспособноста на владата предводена од СДСМ останаа повеќе од 40 илјади граѓани на улица за пет месеци. 

Македонија има историски пад на БДП од 12.9 отсто, објави ВМРО-ДПМНЕ.

Наведуваат дека Зоран Заев тргува со македонската историја, го продава Гоце Делчев.

„Земјоделците поради владата на СДСМ се на питачки стап. Протестираме и ќе продолжиме. Капакот на сè е поскапата струја која гризе од стандардот на сите. Затоа продолжуваме да протестираме против поскапата струја која носи сиромашен народ. Утре (четврток), во 18:00 часот, протест на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили кој ќе почне пред паркингот на спортската сала „Борис Трајковски”, по булеварот Партизански одреди, до пред Регулаторната комисија, која дејствува како продолжена рака на СДСМ и Заев. Поскапа струја, сиромашен народ. Се гледаме!“ порачаа од партијата.

Претходно, партијата организираше три протести. 

Двата протести беа против поскапувањето на струјата, а еден за одбрана на херојот Гоце Делчев. 

Слично

Поврзани вести