НОВ ПРОТЕСТ: Каков воздух денеска дишат граѓаните?
Во Македонија денеска воздухот е почист за разлика од претходните денови.
Ппвеќето градови се со ниско загаден воздух, покажуваат податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.

Средно загадено е Тетово. Скопје денеска не е во топ 20 најзагадени градови во светот.
Од Здружението „Канцерогено општество“, кои и оваа сабота излегоа на улица. Бараат властите сериозно да се фатат за работа и да изнајдат трајно решение за штетните последици.
Бараат од Владата да закаже седница на која ќе предложат мерки кои ќе дадат резултат на долг рок. Институциите, велат од здруженијата, не се заинтересирани да го решат проблемот со загадувањето на воздухот и последиците што ги трпат децата. Од нив бараат час поскоро да се фатат за работа.
