Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов прес на СЈО - што ќе соопштат утре?

Нов прес на СЈО - што ќе соопштат утре?

Специјалното јавно обвинителство закажа прес-конференција за утре во 11 часот.

„Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“- се вели во најавата на пресот.

Последниот случај кој СЈО го отвори е „Труст“ од 23 февруари. Станува збор за тендерот што во 2011 година го распишала државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.

Во „Труст“ се осомничени три правни и три физички лица. Станува збор за фирмите „Трансмет“ од Скопје,, „Силекс“ од Кратово и „Бато“ од Студеничани.

Доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на мехнизација и за кадровска екипираност, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ, вреден 17.235.772 евра.

Слично

Поврзани вести