НОВ ПРЕДЛОГ ЗА УСТАВЕН СУДИЈА: Професорката Ана Павловска - Данева предложена од СДСМ наместо Јовески
Ана Павловска - Данева наместо поранешниот јавен обвинител Љубомир Јовески е новиот предлог од владејачката СДСМ за судика во Уставниот суд на Македонија.
Како што е познато на јавноста, Павловска - Данева е професорката на правниот факултет во Скопје и поранешна пратеничка во Собранието од редовите на СДСМ.
Она што изненадува е што предлогот за Павловска – Данева доаѓа само еден ден откако СДСМ го повлече името на поранешниот јавен обвинител Љубомир Јовески, без објаснување зошто тој повеќе не е кандидат за уставен судија.
Новиот предлог денеска се разгледува пред собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата.
Професорката Ана Павловска – Данева (50), предава повеќе предмети на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и тоа: Административно право и Јавна администрација како задолжителни предмети на студиите од прв циклус и десетина предмети на вториот циклус на студии (Антикорупциско право, Управно процесно право, Управно судство, Службенички систем, Управни договори, Етика и јавна управа, Право на слободен пристап до информации од јавен карактер, Право на заштита на лични податоци и други). Таа е и постојан предавач во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
Од друга страна, вчера по објавата дека СДСМ го повлече предлого Јовески да биде дел од Уставниот суд, во попладневните часови се огласи и самиот поранешен обвинител кој истакан дека повлекувањето на неговата кандидатураја без никакви објаснувања и основи е вулгарно.
- Се чувствувам повреден, не требаше да ме номинираат ако не беа посветени на завршување на процесот, оставајќи ме ранлив на непотребни критики - изјави Јовески откако вчера СДСМ ја повлече неговата кандидатура да биде избран за судија во Уставен.
Jовески беше кандидат да биде еден од деветте судии на Уставниот суд. Пратеници од опозицијата побараа дискусија за ова, но седницата на Комисијата беше затворена.
Неочекуваниот пресврт на настаните го остави Јовески збунет, а она што навистина го привлече беше како што вели непостоењето на суштинско објаснување за повлекувањето.
