Нов Луна парк во Скопје?
Три фирми биле заинтересирани на повикот на Градот Скопје за изградба на нов Луна парк. Градоначалникот Коце Трајановски неодамна најави дека доколку се тече по планот и огласот биде успешен, во првите денови од наредната година ќе се знае судбината на Луна-паркот. За реализација на проектот концесионерот ќе треба да вложи околу 12 милиони евра. А со паркот ќе стопанисува во период од 35 години. Новиот Луна-парк треба да се простира на површина од 25.327 квадратни метри, на просторот на на постојниот Луна-парк, вклучувајќи ги и дискотеките. Инвеститорот на оваа површина ќе има обврска да изгради и дел за угостителски услуги, катче за продажба на сувенири, затворени простории за игра, како и да обезбеди соодветен паркинг-простор.
Слично
