Нов ковид биланс: За еден ден 13 нови случаи
Тринаесет нови случаи на коронавирус се регистрирани во последните 24 часа, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Направени биле 3.404 тестирања. Од новозарезените од Тетово се 7, а од Скопје 6. Регистриран e еден оздравен пациент, а нема починати.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.783, бројката на оздравени пациенти е 150.124, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 172.
Министерот за здравство рече денеска дека се хоспитализирани четворица сомнителни на делта сојот за кои се чекаат резултати, а нов случај бил потврден вчера.
Слично
