НОВ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ: Независни заедно го предлага деканот на Градежен факултет, Горан Марковски
Деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски ќе ја бара довербата од скопјани - Независни заедно објави дека професорот ќе биде нив кандидат за градоначалник на Град Скопје.
„Професор д-р Горан Марковски е истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје. Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот“, велат од „Независни заедно“.
Утре, професорот ќе ја објави својата кандидатура на прес конференција пред Камениот мост.
„Независни заедно“ произлезе од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Групација 389“ и „Зелените за Гази Баба“.
Марковски ќе им се спротивстави на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кандидатката на СДСМ и поранешна министерка за животна средина, Каја Шукова и пратеникот на Левица и поранешен советник во Советот на Град Скопје, Амар Мециновиќ.
Слично
