Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ИНЦИДЕНТ: Куче скитник нападна мајка и дете

НОВ ИНЦИДЕНТ: Куче скитник нападна мајка и дете

Р.А. (43) вчера пријавил во полиција дека околу 14,30 часот на ул.„Перо Наков“ неговата сопруга З.Р.(36) и нивниот шестгодишен син биле нападнати од страна на куче-скитник.

Детето е каснато во пределот на левата рака и му биле нанесени видливи повреди, а мајката се здобила со повреди на левата нога.

Полициската станица Гази Баба ја известила шинтерската служба на Град Скопје, која излегла на местото на настанот, го фатила кучето и го однела во Центарот за заштита на кучиња-скитници „Вардариште“.

Деновиве во населбата Ново Лисиче,  расно куче нападна и повреди неколку лица, меѓу кои имаше и деца. 

Слично

Поврзани вести