Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов хотелски бренд ќе никне во Скопје

Нов хотелски бренд ќе никне во Скопје
Бизнисменот Ајдован Адемовски кој е и инвеститор на овој хотел, не го открива името на брендот, бидејки сеуште не се завршени  преговорите, пишува Капитал. Хотелот се очекува да биде со капацитет од 170 соби, ќе има 6 конференциски сали и спа центар од еден од најпознатите синџири на спа центри во светот. City Plazа и Stone Bridge се компаниите инвеститори на хотелот, а градбата ќе ја врши PERA Constuction, македонско-турска фирма, во која што Адемоски е еден од партнерите. Ајдован Адемоски во моментов е еден од најмоќните бизнисмени во Македонија, Тој е човек за секоја поголема турска инвестиција во земјата, како што се шопинг моловите Рамстор, аеродромскиот оператор ТАВ,  млечната индустрија Суташ.. Исто така  тој е застапник на франшизите на турските брендови за бела техника BEKO и Arcelik, модните брендови Koton, Roman, Sarar и Casharel, а неговата градежна компанија ги градеше објектите на повеќе странски гринфилд инвестиции во Македонија. Целиот текст на следниот линк: http://www.kapital.mk/mk/makedonija/93898/slednata_godina_skopje_dobiva_ushte_eden_hotel_od_svetski_brend.aspx
Слично

Поврзани вести