Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ДИРЕКТОР НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ Е Д-Р СИНИША СТОЈАНОВСКИ: Д-р Марија Андоновска ќе раководи со ИЈЗ

НОВ ДИРЕКТОР НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ Е Д-Р СИНИША СТОЈАНОВСКИ: Д-р Марија Андоновска ќе раководи со ИЈЗ

Градската општа болница во Скопје, „8 Септември“ има нов директор. По неколкугодишна директорска позиција, трауматологот, д-р Христијан Костов го наследи д-р Синиша Стојаноски, доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.

Истовремено и во Институтот за јавно здравје е назначена нова директорка. Актуелната советничка во Советот на Град Скопје, Мрија Андоновска, која работи на Универзитесткиот стоматолошки клинички центар во Скопје и е асистентка на Катедрата за болести на забите и ендодонтот, ќе раководи со оваа здравствена институција.  

Се очекува следната недела директорските промени да продолжат и во другите здравствени установи.

ФОТО: ФБ


Слично

Поврзани вести