Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов данок на финансиските трансакции во ЕУ

Нов данок на финансиските трансакции во ЕУ
Неколку часа пред изгласување на договорот за буџетска дисциплина во француското Народно собрание, 11 земји на ЕУ дадоа зелено светло за воведување на данок на финансиски трансакции. Со новиот данок, претседателот на Франција Оланд,  се надева дека ќе го придобие собраниско мнозинство за усвојување на буџетскиот договор на кој се спротивстави дел од француската левица. Во меѓувреме Оланд и претседателот на Шпанија, Маријано Рахој најавија дека 17-члената еврозона ги има сите потребни средства за решавање на должничката криза и дека само треба да ги исполни претходните дадени ветувања. Растот повторно ќе се врати, ако европските лидери ги решат прашањата за иднината на еврозоната, истакна Оланд.
Слично

Поврзани вести