Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов булевар во Аеродром

Нов булевар во Аеродром
Започна реконструкцијата на улица „Трета македонска бригада“ во општина Аеродром. Ќе се прави булевар од крстосницата со булеварот „Србија“ до крстосницата со улицата „Никола Карев“. Според градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски улицата е важна поради градбата на нови станови во овој дел од населбата. Првата фаза ќе ја опфати делницата долга 1.243 метри, ќе добие четири коловозни ленти и средишно зеленило од пет метри. За време на градежните активности на оваа делница ќе се постави атмосферска канализација во дожина од 1.300 метри која ќе се приклучи кон колекторот на булевар „Србија“. Ќе бидат поставенит 84 столбови за улично осветлување со 128 светилки, а реконструкција на оваа улица од буџетот на Градот ќе потроши 133 милиони денари. Новиот булевар го прави градежната компанија ДГТ„Жикол“ Дооел Струмица, а треба да биде завршен за 9 месеци.
Слично

Поврзани вести