Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов бран поскапувања во ЕУ: Први на удар храната и секојдневните производи

Нов бран поскапувања во ЕУ: Први на удар храната и секојдневните производи

Поради растот на цените на енергенсите и повторните тензии околу Ормускиот теснец, во Европската Унија се очекува нов бран поскапувања, кој веќе почнува да се чувствува во Франција. Според податоци на потрошувачката организација UFC Que Choisir, цените би можеле да пораснат за 4 до 5 проценти во наредните недели.

Директорот на Опсерваторијата за потрошувачка, Грегори Каре, предупредува дека последиците од војната во Иран директно ќе се прелеат врз потрошувачите. Иако договорите меѓу индустријата и трговските синџири традиционално се склучуваат на 1 март, тие содржат клаузули што дозволуваат ревизија на цените доколку дојде до поскапување на енергенсите или суровините, како што е ѓубривото.

Најпрво се очекува поскапување кај производите со краток рок на траење, меѓу кои млечните производи, свежата храна, јогуртите и разладените артикли. Дури и домашното производство не е заштитено, бидејќи растат трошоците за транспорт и енергија. Компании како Lactalis, позната по брендовите President, Lactel и Galbani, веќе најавуваат дека дел од зголемените трошоци ќе мора да ги префрлат врз потрошувачите.

Покрај храната, се очекува нов бран поскапувања и кај производите за лична хигиена и козметика. Причината е нивната зависност од нафтени деривати, пластична амбалажа и сложени хемиски процеси во производството.

Сепак, експертите смируваат дека овој ценовен удар нема да биде толку силен како во периодот 2022–2023 година, кога инфлацијата достигнуваше и до 20–25 проценти во рок од една година.

За граѓаните од Балканот кои живеат или планираат да заминат во Франција и другите земји од ЕУ, ова значи дополнителен притисок врз буџетот. Трошоците за живот ќе продолжат да растат, особено за храна и основни производи, додека платите не го следат истиот тренд. Тоа ќе доведе до намалување на куповната моќ и потежок период на финансиско прилагодување.

Телеграф.рс

Слично

Поврзани вести