Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов биланс: Расте бројот на заболени, шест луѓе починаа од Ковид-19

Нов биланс: Расте бројот на заболени, шест луѓе починаа од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1.279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19. Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен. Повторно, исто како и вчера не се соопштени годините на починатите, ниту во која болница биле хоспитализирани.

Од новозаболените најмногу се во Скопје или 66, додека од Куманово се 13, а од Тетово - 20. Во Штип 13, Прилеп 2, Струга 7, Битола 1, Охрид 7, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Свети Николе 3, Кичево 6, Ресен 12.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.595, бројката на оздравени пациенти е 2.166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164.


Слично

Поврзани вести