Носителот на листа Алит Абази од Кичево почина во болница
Застреланиот носител на независната кандидатска листа во Кичево, Алит Абази утрово починал на скопските клиники.
И покрај сите напори, лекарите не успеале да го спасат.
Тој беше повреден на 27 септември во престрелка пред Основниот суд во Кичево. Според информациите од МВР во престрелката, која се случила околу 19 часот, беа повредени три лица, меѓу кои и сега починатиот Абази.
Абдула А. од Кичево со пиштол пукал во Абази, Дестан Абдиу и и Шабан Далити. Абази бил погоден во десната нога, Абдиу во слабината, а Далити во десната потколеница.
Откако почна кампањата имаше и претепување на кандидат за градоначалник, и повеќе искршени станови во Скопје и внатрешноста. Од Брисел побараа да се обезбедат услови за слободни избори во Македонија.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски претходно го осуди насилството и рече дека ќе биде санкционирано.
