НОСИТЕЛИ НА ЛИСТИ НА ЗНАМ: Во петката е Весна Бендевска, кои се другите имиња?
ЗНАМ на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски ги објави носители на листите за пратеници, а ќе бидат претставени на конвенција в недела.
– За носител на листата во ИЕ 6, магистер на правни науки, насока: Бизнис право Небојша Захариевски, Претседател на ОО Движење ЗНАМ-За наша Македонија-Тетово
– За носител на листата во ИЕ5, Весна Бендевска, дипломиран психолог, УКИМ Скопје, поранешна пратеничка во Собранието на Република Македонија, поранешна Претседателка и член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Потпретседателка на Движењето ЗНАМ За наша Македонија.
-За носител на листата во ИЕ 4, Миле Цеков, дипломиран економист на отсекот Меѓународна трговија, Претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и Претседател на ОО на Движењето ЗНАМ За наша Македонија-Струмица.
-За носител на листата во ИЕ3, доктор на историски науки Павле Арсоски, Генерал-мајор во пензија и Потпретседател на Движење ЗНАМ-За наша Македонија.
-За носител на листата во ИЕ2, магистер по кривично процесно право Даниел Стојчевски, Директор на ЈП Чистота и зеленило Куманово и Претседател за ОО на Движењето ЗНАМ За наша Македонија-Куманово, и
-За носител на листата во ИЕ 1, Доц. д-р Бобан Карапејовски, професор на катедрата за македонски јазик при Филолошки факултет Блаже Конески во Скопје и член на ИО на Движење ЗНАМ-За наша Македонија.
